Судењето за Кежаровски може и да не почне заради застареност

54-тиот роденден новинарот Томислав Кежаровски го започна во суд.

6 години од првиот процес се врати на почеток од каде што почна патешествието наречено Ликвидација во Кривичниот суд.

Нова зграда, нов судија, нова обвинителка но старо обвинение.

Овој пат тој  очекува правда а одбраната бара прочистено обвинение и се надева дека судењето за него, нема ни да почне  затоа што делото застарело.

И поранешниот судија од велешкиот суд Валентин Зафиров еден од 8-мината обвинети, очекува обвинителката да констатира застарување на кривични дела.

Ова судење започнува без еден обвинет. Починатиот судија Борис Николовски. Неговиот адвокат вели,  беше обвинет и осуден за кривично дело кое не постои во законот . Било избришано во време кога бил притворен.

Ликвидација му ја убрза смртта рече адвокатот.

Одговорност за режисерите на Ликвидација очекува и Кежаровски

Денешното рочиште се одложи за 3-ти септември поради оперативен зафат на поротничка.  Првото судење започна на 9 август 2013. Кежаровски  беше обвинет за неовластено оддавање информаци бидејќи во 2008-ма, според обвинителството година  во два броја на списанието „Репортер 92“ објавил  исказ од заштитениот сведокот  во случајот „Ореше“.

Првично доби 4 ипол години затвор а потоа апелација му ја намали на две години, колку што помина во затвор и во притвор. Веста за новинар кој заврши зад решетки поради напишан текст го обиколи светот и наиде на критики и лоши оценки за земјава.

Останатите 7-мина обвинети меѓу кои судии, адвокат, обвинител одговараа за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, противзаконско посредување. Пред два месеци врховен ја укина пресудата и ја врати на почеток.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ