Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Во завршните зборови обвинетиот Минур Пепиќ рече дека не е дел на никаво терористично здружение и дека во Собранието бил службено и не нападнал никого. Тој рече дека влегол во прес центарот во Собранието каде бил нападнат Зијадин Села, но со цел да ја информира службата за она што се случува внатре.

Во моментов пред судот завршни зборови дава обвинетиот Јане Ченто.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ