Судењето поради короната во прекин, 8 години од Смилковскиот масакр без правда за 5-мината убиени

Пред 8 години на денешен ден, на Велики четврток кај Смилковско езеро беа убиени 5-мина жители на околните населби од кои 4-ца беа на возраст меѓу 18 и 21 години.

Бруталната ликвидација на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, и на 45-годишниот Борче Стевковски позната и како Смилковски масакр, имаше продолжени преку полициската акција и случајот Монструм.

Првично судот пресуди доживотни затворски казни на 6-мина жители на Скопје, од кои двајца се во бегство на Косово. Откако во 2017-та Врховниот суд ја поништи пресудата и го врати случајот на почеток, СЈО го презеде обвинението за Монструм против истите обвинети. Иако се очекуваа повеќе информации од таканречените бомби, немаше многу нови сознанија во снимените телефонски разговори и СМС пораки.

Меѓу сведоците повикани на процесот беше и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој ги предаде бомбите на СЈО, како и други поранешни министри од времето на убиството.

Судењето се уште не е завршено, а обвинети се Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Родителите на убиените момчиња 8 години ја чекаат правдата и сметаат дека процесот се одвива споро поради политички мотиви.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ