Економија Субвенции за плински уреди во 900 возила како мерка против загадувањето, а црвената нафта и понатаму ќе се точи во резервоари
Владата ќе субвенционира вградување на плински уреди во 900 возила низ целата држава а тоа е една од мерките со кои треба да се намали загадувањето на воздухот, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Станува збор за мерка која беше најавена уште во август, а за која се обезбедија пари минатиот месец со ребаланс. Еден од условите кои мора да се исполнат е возилото да биде произведено најрано во 2005 годиниа за да може се добијат пари од државата. За постарите возила кои имаат далеку понееколошки мотори и системи за издувни гасови оваа мерка нема да важи
Бектеши кажа дека за оваа цел се одвоени 15 милиони денари или 250 илјади евра, а граѓаните кои ќе бидат субвенционирани може да добијат најмогу до 18 илјади денари или 50 отсто од сумата која ја платиле за вградување на плинскиот уред.
За екологистите оваа мерка е краткорочна а потребно е плански и системски пристап.
Во меѓувреме на улиците и патиштата низ државата се движат илјадници возила во чии резервоари има т.н. „црвена нафта“. Јавна тајна е дека на некои бензински пумпи оваа нафта се точи како замена за дизел горивото а годишно се трошат над 60 милиони литри од овој дериват за која е потврдено дека е еден од најголемите загадувачи. Црвената нафта има 100 пати повеќе сулфур од обичниопт дизел и токму затоа е забранета во сите земји од регионот.
Владата нема предвидено никакви мерки или план за да се ограничи или спречи употребата на црвената нафта. Министерот Бектеши смета дека во моментов не може да исфрли од уипотреба најтоксичниот тип на дериват.
За апсурдот да биде поголем ниту со новиот Закон за акцизи нема мерки со кои би се изедначила акцизата на екстралесното гориво со онаа на дизелот која во моментов е за 9 денари пониска.
Огнен Чанчаревиќ



