
Студентското собрание при УКИМ бара од МОН социјални стипендии
Според Универзитетското студентско собрание при УКИМ, 70% од студентите се образуваат на сметка на родителите, а останатите 30% кои се самофинансирале, ја изгубиле работата поради актуелната криза предизвикана од ширењето на корона вирусот. Од тие причини, Студентското собрание бара од МОН, вонредни еднократни стипендии за април, во висина од 6000 денари, за студентите, чии семејства земаат потпросечни плати или останале без работа. Од собранието се заложиле преку донации да обезбедат компјутери и интернет, за колегите кои ги немаат и не можат да следат on line настава.
Борјан Ефтимов-претседател на Универзитетско студентско собрание на УКИМ:
- Во моментов се фокусираме на две мерки: Вонредна социјална стипендија за семејства со исклучително ниски примања и распределба на уреди за оние кои ги немаат, за следење на наставата. И дополнително, сите семејства кои останале без работа во месец април, бараме да бидат исто така подржани со уште една социјална стипендија.
Од Студентското собрание при УКИМ, велат дека немаат гаранции за квалитетно спроведената on line настава и за чесно и без манипулации одржаните колоквиуми и испити. Затоа бараат од МОН, продолжување на учебната година во летниот период и определување нови рокови и дополнителни сесии за полагање.
Борјан Ефтимов-претседател на Универзитеско студентско собрание на УКИМ:
- Наставата која не може да се одвива on line треба да се доврши во текот на летните месеци. Студентите кои имаат практична настава , реално, не можат да ја изведуваат и поради тоа треба да се продолжи , за да можат кога ќе настапат , да можат да си го добијат знаењето.
За побараната нова категорија стипендии од Студентското собрание на УКИМ, од МОН велат дека ќе ја разгледаат иницијативата, а реализацијата ќе зависи од буџетските можности. А, за продолжувањето на учебната година во летниот период, од МОН со став дека не би можеле сега да конкретизираат дали тоа е изводливо зашто никој не знае, како ќе се развива ситуацијата со пандемијата од корона вирусот.
Сотир Трајков