
Студентски митинг „Не биди медиумска мета“
Медиумскиот хаос, агресивното потрошувачко општество, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг се дел од секојдневните теми кои ги засегаат луѓето.
Потребно е да престанеме да бидеме бескичмењаци, е дел од пораката која ја испратија студентите на денешниот митинг „Не биди медиумска мета“ во рамки на одбележување на европската недела на медиумска писменост, која има за цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата со цел забрзано да се имплементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.