Студентите ќе почекаат за испити со физичко присуство – уредбата за далечинско полагање останува на сила

Уредбата за далечинско полагање на студентите засега останува на сила. Само по препорака на Комисијата за заразни болести може да се дозволат испити на факултет со физичко присуство, но под посебен протокол. Испитната сесија за студентите е продолжена до 14 јули, а токму на лето тие ќе може да аплицираат и за државна помош.

Студентите ќе почекаат пред повторно да можат да полагаат на класичен начин – физички присутни, со индекс и пријава за испит во рацете. Министерот за образование Адеми е запознаен со одредени петиции за да не се организираат далечински испити во јунската сесија, но засега тоа е единствениот возможен начин. Ако има промени – тоа сепак ќе биде под посебен протокол како и се друго во време на пандемија.

На прашање дали во Министерството се запознаени со одредени поплаки на студентите во анонимни анкети, каде велат дека професорите воопшто не ги одржуваат онлајн-предавањата туку само даваат насоки што треба да се научи од материјалот, министерот Адеми ги повика инспекторите да ги проверуваат за евентуални пропусти.

Дополнително образовните власти информираа дека одвоени се 12 милиони евра за младите коишто во јуни и јули ќе можат да аплицираат за ваучер од државата. Опфатени се околу 100 илјади студенти, ученици и млади до 29 години коишто ќе може да аплицираат за ваучер за социјално загрозени лица, потоа за домашна платежна картичка како и ваучер за IT обуки.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ