
Студенти по медицина иднината си ја гледаат во странство
Се поголем е бројот на студентите по медицина кои изучуваат некој од светските јазици кои можат да им се најдат доколку решат својот професионален пат по дипломирањето да го продолжат во некои од западно европските земји. Има и такви кои уште во текот на студирањето ги стекнале потребните јазични сертификати со кои ќе можат без проблем да најдат работа во странство. Дел од нив како причина за одлуката за заминување во странство по дипломирањето го посочуваат лошиот здравствен систем, ниските плати, непотизмот во однос на напредувањето, но има и такви кои го критикуваат и самиот образовен систем по медицина како застарен и дека не е во тек со медицинските трендови.
Германија и скандинавските земји се најчестите дестинации за каде се подготвуваат да заминат идите лекари уште како студенти по медицина. Дел од нив својата иднина ја гледаат во здравствениот систем во земјава, најчесто во приватното здравство.
Министерот за здравство Филипче вели дека процесите како што се членството во Нато, приближувањето кон ЕУ, зголемувањето на платите во здравството и инвестирањето во едукацијата ќе бидат почетните мотиви со кои ќе ги стимулираат идните лекари да останат во државата.
Од 2010 до сега од земјава на работа во странство заминале околу 1200 лекари. Според лекарската комора на Македонија само во првите 4 месеци годинава 110 лекари заминале од државата, само десетина од нив се на едукација.
Јордан Дуков