
Струмица заживеа по олеснувањето на мерките воведени заради пандемијата
Топлиот сончев ден ги поттикна струмичани да излезат на пладневна прошетка. За граѓаните постари од 67 години, ова е прво излегување во пладневните часови по подолго време.
Од денеска тие се слободни да ги организираат своите обврски како и останатите сограѓани.
За изнемоштените возрасни лица или оние со потешки заболувања, обврските околу пазарење или купување лекови во изминатиот период ги вршеле мобилните тимови на Црвен крст.
Овие денови по двомесечна пауза, проработија и трговските центри.
Зелениот пазар во трговскиот центар Глобал ги наполни тезгите со свежи производи. Во продавниците е малку поинаку.
Околу два месеца беа затворени и голем дел од останатите продавници во Струмица.
Сопствениците велат дека биле внимателни и исплашени од вирусот за којшто малку се знаеше.
Забраната за движење останува до 19.00 за сите граѓани. Останува и мерката за задолжително носење на заштитна опрема.
Сузана Мицева