
Струмица се крена на протести против рудниците
Активистите против отворање на рудници во југоистокот денеска се собраа на протест во Струмица. Побараа Владата и општинските власти да ги сфатат сериозно и да нема рудници со отворен коп во овој регион.
Присутни беа и локални жители кои порачаа да не се игра со трпението на македонскиот народ.
Единствен политичар којшто дојде на протестот беше пратеничката Лилјана Поповска. За разлика од поранешните граѓански собири, другите политичари не се појавија.
Од компанијата Еуромакс, којашто е концесионер на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука испратија соопштение. Во него стои дека најодговорно тврдат дека рудникот ќе се развива согласно највисоките стандарди за животната средина и законите во Република Македонија и највисоките меѓународни принципи.
Проeктот велат во соопштението, се развива во соработка со сите релевантни институции во Република Македонија на локално и национално ниво и ќе донесе бенефит за локалната и националната економија.
Сузана Мицева