Струмица повторно најзагаден град во Македонија

Струмица повторно на врвот најзагадени градови во државата. Владата ги активира мерките против аерозагадувањето за градот во кој изминатите денови вредноста на пм10 честичките не падна под 180 микрограми на метар кубен. Во услови кога воздухот е буквално отровен, ретко да сретнете граѓани со заштитни маски. Во продавниците велат дека интересот е многу слаб.

Граѓаните велат дека дишат отров, но не преземаат дополнителни мерки за заштита.

Загадувањето на воздухот станува еден од најгорливите проблеми на Струмица. Општината најавува субвенционирање на зелени фасади на зградите и укинување на приклучната такса за гас, но овие мерки ќе можат да се применат најверојатно следната грејна сезона.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ