
Струмичките сточари се принудени да го зголемат стадото, бидејќи не можеле да ги продадат јагнињата, министерството нуди поддршка
Триесет јагниња за приплод оставил годинава сточарот Васил Котевски од струмичко Добрашинци, бидејќи не успеал да ги продаде јагнињата. На полјаните пред селото, Васил го напасува своето стадо. Смета дека цената на јагнето е премногу ниска па биле приморани да ги зголемуваат стадата.
Досега биле откупени околу 100.000 јагниња. Министерството за земјоделство апелираше да се зголемат стадата бидејќи ќе има потреба од храна. Тие најавија мерки за оние што ќе решат да ги зголемат стадата.
Последниве неколку години опаѓа бројот на стадата во државата. Во струмичко во повисоките села кои важеа за традиционално сточарски, останати се само по две – три домаќинства кои имаат стада.
Сузана Мицева