Струмичкиот градоначалник бара Комуналец да го раскине договорот со Дасмак за собирање на сметот од општината

Струмичкиот градоначалник бара Комуналец итно да го раскине договорот вреден 1.200 000 евра со приватната компанија Дасмак за собирање на сметот од општината.
Јаневски вели дека реагирал уште кога разбрал за договорот и очекува брза реакција од Комуналец.
Директорот на јавното претпријатие Комуналец објаснуваше дека обемот на работа на претпријатиет е зголемен откако почнале да го собираат сметот и од населените места и дека компанијата ќе се ангажира по потреба.
Договорот на Комуналец го критикуваа и општинските советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие сметаат дека ваквата одлука е скандалозна дотолку повеќе што приватна компанија има подобра опрема за собирање смет од прептријатието чија основна дејност е тоа и што наместо да го обноват возниот парк тие ќе плаќаат за собирање на ѓубрето.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ