Струмичката болница ќе го отвори новото крило, но струмичани се загрижени поради одливот на лекари

Струмичката болница во текот на 2019 би требало да го пушти новиот крак и да работи во нови операциони сали и болнички одделенија опремени по најсовремени стандарди. Директорот на општа болница Струмица вели дека ќе се направат проценки и доколку има потреба ќе има и нови вработувања.

Струмичани се загрижени за одливот на лекари од општата болница. Велат дека тешко ќе се надомести недостатокот на специјалисти бидејќи веќе извесен период во болницата недостигаат лекари на повеќе одделенија.

Според планот на раководството ан болницата, сите хируршки одделенија , оториноларилгологија, геникологија и неонатологија како и Ургентниот центар со 5те операциони сали и Итната медицинска помош ќе бидат сместени во новиот дел од болницата на 6500 метри квадратни. Проектот чини околу 4.5 милиони евра, а се гради повеќе од 30 години.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ