
Струмичката болница го отстрани дискриминирачкиот текст
Известувањето со кое се бара жените на породување на доаѓаат со извод на венчаните експресно е отстрането од одделението за гинекологија и акушерство при струмичката општа болница.
Информацијата за родилките предизвика бура од негативни реакции на социјалните мрежи, а фотографијата од написот вчера ја споделуваа стотици корисници на фејзбук оценувајќи го текстот како дискриминирачки. Од струмичката болница велат дека станува збор за лошо срочен текст чија намера била да ги информира да не да ја нарушува приватноста на пациентите или да ги дикриминира.
Станува збор за проект на министерството за здравство преку кој родилката изводот го добива во болницата, до 36 часови од породувањето. Од струмичката болница појаснуваат дека изводот на венчани се однесува само за родилките коишто се во брак, а дека самохраните мајки треба да понесат извод на родени, копија од личните карти на родителите и платежна картичка за наплаќање 50 денари за извод и 100 денари административна такса.
Сузана Мицева