
Струмичани под карневалски маски
Струмичани синоќа ги облекоа маските и тргнаа по улиците да ја покажат својата креативност и маската во која уживаа танцувајќи пред илјадитната публика која дојде да ги поддржи. Мотиви од митологијата преку фантастиката до македонскиот фолклор биле основа за нивните маски.
Големо внимание привлекоа струмичките карневалски групи кои традиционално подготвуваат големи и масовни маски и секогаш го одземаат здивот со уникатните идеи. Годинава такви беа Мулен руж со маската „Чекор напред“ со која порачаа дека е време земјата да ги почне преговорите со Европската Унија. Премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за надворешни Никола Димтров и струмичкиот градоначалник Коста Јаневски станаа за да се фотографираат со нив и да им честитаат на инвентивноста.
Денеска, пак е детскиот карневал. Прочка е ден кога најмалите ги облекуваат своите костими со омилените јунаци и дефилираат на плоштадот.
Каревалските свечености во Струмица траат до среда и завршуваат со тримерските чествувања и празникот на армасаните.
Сузана Мицева