Струга Рамиз Мерко повторно е избран за прв човек на струшкиот огранок на ДУИ

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко повторно е избран за прв човек на струшкиот огранок на ДУИ. Тој синоќа ја доби довербата од интегративците и третпат застанува на чело на струшкиот огранок.

Контроверзниот Мерко е единствен од старите кадри кој при внатрепартиските избори на ДУИ ја задржа функцијата претседател на огранокот.

Дури и противниците се согласиле на реизбор на Мерко, со коментари дека е ризично да го сменат на само пет месеци пред предвремените парламентарни избори.

Мерко си купи луксузно „ауди“ од 67.000 евра иако Општината е во долгови. Градоначалникот упорно тврди и дека во Струга нема дивоградби и покрај истечените концесии на струшките плажи и рестораните од тврда градба. Мерко во три мандати е и градоначалник на Струга.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ