Стразбур пресуди против Македонија во корист за трансродов македонски државјанин

Прва пресуда против Македонија од Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур на тужба поднесена од трансродово лице поради повреда на правото за приватност и правото на ефикасен лек во текот на процедурите за промена на полот во Македонија. Тужбата  е поднесена од лицето “Икс”, застапуван од адвокатката Наташа Бошкова и за неа Македонија ќе треба да плати 9000 евра и . “ Икс”кој бара да остане аноинимен, е роден како девојче. Но, од најрано детство тој се доживува како машко. Во 2010,  започнува постапка за менување на полот, со што започнуваат правните и административните замки и покрај фактот што МВР прифатило да му биде сменето името во личните документи, ознаката за пол останала “женски” затоа што процедурата за менување на оваа ознака во Македонија се прави според различен закон од оној за промена на името. Адвокатката и правен советник во коалицијата “Маргини” Бошкова вели дека судот ја донел оваа пресуда поради долгото траење на постапката во македонските институции и нејасната процедура со целк правно признавање на родот.

Пресудата во Стразбур е донесена со пет гласа за и два против. Од коалицијата Маргини велат дека  оваа пресуда може да биде вовед во нова легислатива за правата на трансродовите лица во Македонија.

Според “Коалицијата Маргини” во Македонија има околу 30 трансродови лица, од кои три целосно го имаат променето полот.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ