Странските инвеститори со исти забелешки за бизнис климата

Забелешките исти како претходно, странските инвеститори и на оваа Влада во форма на бела книга и ги испорачаа на Владата барањата како да ја подобри бизнис климата и да го забрза растот. Храброста во политиката да значи и храброст во реформите, особено кај неефикасната администрација која мора да биде сервис за фирмите, да се намали корупцијата, да се заузда сивата економија, законите често да не се менуваат. Повеќе кренати раце на бизнисмени во салата покажаа колку тие имаат очајна потреба од квалификувана работна сила. После 6 години Македонија има шанси да влезе во ЕУ, немаме многу време, да не ни се случат Бугарија и Романија кога цели ИТ сектори се преселија во Европа, порача Петер.

Доаѓа до намалување на продуктивноста и бизнисот претсанува да постои ако има неквалификувана сила, да ја направиме реформата сега, не утре, не следната година, вели Штефан Петер, Совет на странски инвеститори.

Аплауз за премиерот порача и доби од стопанствениците првиот човек на комората Азески, само оваа Влада имала доблест да ги поддржи храбрите и успешни компании кои се двигател на индустријата и извозот. Побара да помине времете кога се бараа урамниловки и капитализам без капиталистите, тие мора да работат за профит.

Во 20 години создадовме клима во која е срамота да сио бизнисмен, сомнителна категорија, акога имавме буџет од 300 милиони марки се штоп беше добро во оваа фржава го плати бизнисот, рече Бранко Азески, СКМ.

Побара да продолжи со демократијата и владеење на правото. Само со стапки на раст над 5 отсто во следните три години, ќе дојде повисокиот животен стандард.

Премиерот оптимист за економијата, тврди владата ја подобрила наплатата на даноците и ја намалила сивата економија, а градејќи добри односи значајно се зголемува извозот во речиси сите соседни држави. И натаму ќе го слушаме бизнисот. Верувам дека парламентот ќе ја заврши својата задача за заокружување на процесот за приближување кон ЕУ и НАТО, а стабилност и безбедност е примарно за инвестирањето.

Од почетокот на јуни 2019 ќе дојде период кој ќе биде политички меден месец за РМ, деловниот седктор да се подготви да ги искористи бенефитрите, влегуваме во фаза каде ќе имаме само придобивки, а не обврски кон ЕУ, таа ќе ги искористи механизмите да се зголеми растот, рече Заев.

Странските инвеститори порачаа овдешните фирми да бидат поупорни во барањето соработка со нив, за така да има поголем бенефит македонската економија.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ