
Странски туристи заинтересирани за посета на линијата на Солунскиот фронт од првата светска војна во Дојран
Над три милиони евра доби Дојран преку проекти минатата година, кои во текот на 2019 треба да се спроведат.
Парите се наменети главно за подобрување на туристичката понуда во градот. Од санација на крајбрежната патека, преку обнова на мандрите во езерото и уредување на зелените површини. Градоначалникот Ангов вели дека развиваат стратегија како Дојран да живее и да се посетува и надвор од туристичката сезона.
Најпривлечна за странските туристи засега е линијата на фронтот од Првата светска војна. Токму над Дојран се воделе некои од најжестоките борби во тој период. Општината има намера да ја уреди патеката и да подготви десетина бункери кои ќе ги посетуваат туристите.
Најзаинтересирани за посета на Солунскиот фронт засега се бугарските туристи. Тамошните агенции повеќепати досега барале понуда за посета. Во реализација на овој преокт ќе учествуваат и неколку странски амбасади во земјата кои ќе дадат логистичка и материјална поддршка.
Сузана Мицева