
Стотици илјади хектари каде сопственик е државата немале имотни листови
Државата ќе добие имотни листови за стотици илјади хектари земја кое го поседува а за кое не е впишана сопственост a граѓаните чисти имотни во кои пак по грешка се впишани сопственици на минимални парчиња земја во парцелата. Ова е предвидено со измените на Законот за катастар кој беше усвоен во јуни а чии подзанокски акти беа изгласани пред десетина дена кои се однесуваат токму на исправките во имотните листови.
Според директорот на Катастарот, проблемите во имотните листови на граѓаните се јавиле при дигитализирањето а правата на земјиште се запишувале врз основа на дигитален премер и дигитални катастарски планови во однос на аналогни планоци односно податоците од катастар на земјиште. Оваа појава најчесто се сретнува во Драчево, Ѓорче Петров, Волково и Сарај каде граѓаните во имотните листови ги добиле и своите соседи. Граѓаните со едно барање и без надоместок ќе можат да ги избришат сопственичките делови кои се до 5% од површината на парцелата.
Според Тунџев, во Македонија има катастарски општини каде што целопункотно земјуиѓште е без сопствен ик, односно нема имотни листови. Такви се Чашка, Гостивар, дел од Берово Штип и Куманово.
Анализата на податоците покажакла дека невероијатни 156 илјади хектари државно земјиште не биле со имотен лист и државата не била впишана како сопствебник. Од почетокот на годинава било извшрено мапирање и впишувањее на сопственоста а според Тунџев процесот ќе заврши до крајот на годинава кога ќе се запишат и пресоатаните шуми и пасишта.
Со новиот закон ќе се реши и проблемот со узурпацијата на државното земјиште од граѓаните. Делот на државата ќе се двои физички во посебна парцела и посебен подброј за имотните листови на граѓаните да бидат чисти без идеални делови.
Огнен Чанчаревиќ