Сторијата за бездомникот Ванчо Спасовски на Теодора Цветковска наградена од Македонската платформа против сиромаштијата

Новинарката на Телма – Теодора Цветковска ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Ќе добие ли среќен крај тажната животна приказна на бездомникот Ванчо Спасовски од Куманово“   која ја доделува Македонска платформа против сиромаштијата (МППС).

МППС доделува награди за новинари што пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.

Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградената приказна може да ја погледнете на овој ЛИНК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ