Стопанствениците му пoдарија на Заев штитници за на мотор

Редно време е по 27 години независност, Македонија да ја ставиме на брза трака кон полноправно членство во ЕУ и НАТО и да ја придвижиме целата економија. Правејќи симболична споредба меѓу возењето со крос мотор и БМВ мотор, премиерот Заев пред стопанствениците рече дека целта е процесите да се забрзаат, а еконосмкиот стандард да се приближи на европскиот.

Стопанствениците и дадоа целосна поддршка на владата за референдумот. И евроинтеграциите затоа што само тоа може да донесе бенефити за компаниите. Економнскиот раст во втроиот квартал, рече Заев, ќе се движи меѓу 2,5 и 4 % а за да биде над 5 % Макеоднија мора да направи квантен скок и да ја забрза својата перспектива.

– Тоа е можно ако прво, ние политичарите се подсредиме. Доаѓањето на ЕУ значи камшик, влегување во нивното калапче. А ако референдумот успее ќе се качиме на мотор од 1.600 кубици, рече Заев.

– Нема да сме побогати како Германија ама ќе сме поперспективни. Не е темата дали интегрирање, туку како да се искористи процесот, вели Никола Џамбазовски, Комерцијална банка.

– Ако не се искористи шансата за влез во ЕУ и НАТО, разочарувањето кај младите ќе се зголеми, иселувањето ќе се интензивира, ќе се намалат странските инвеститори, извозот и вработувањата, а можна е и нова политичка криза. Ќе се загубат и милијарда евра што ЕУ е подготвена да и ги даде на Македонија по евентуалното членство, истакна Штефан Петер од Советот на странски иневстиции.

Поддршката на бизнис заедницата во процесот на евроинтеграции сликовито беше покажана така што на премиерот му подарија штитници за на мотор и транспаренти елечиња за да не се заборави ветената транспарентност во процесот.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ