Стопанска комора на Македонија: Влијанието на политиката врз бизнисот е големо

Стопанската комора на Mакедонија, преку соопштение оцени дека влијанието на политиката врз бизнисот е големо и дека политичките случувања и одлуки, оставаат големи траги врз и онака кревката македонска економија. Од таму бараат да му се остави простор приватниот сектор да се развива преку унапредување на конкурентноста, продуктивноста и иновативноста.

Комората смета дека за ова прашање неопходно е компаниите да се пробиваат на пазарот единствено врз основа на квалитетот на нивните производи и конкурентноста на понудените цени. Македонската економија се стреми кон остварување на добрите европски практики и интегрирање на слободниот пазар и истото може да биде направено единствено доколку се создадат реални услови приватниот сектор да работи независно од дневно-политичките случувања, пишуваат од Стопанската комора на Македонија.

Од таму бараат и доследно почитување на законите за, како што пишува во соопштението, да се оневозможуват било какви сомнителни ситуации. Додават дека ако има некакви сомневања тие да се изнесат пред надлежните и да се расчистат, без да се оптоварува јавноста, а и работењето на целиот приватен сектор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ