
Стоматолозите се премислија – нема да протестираат
Одложен е протестот на стоматолозите, што беше закажан за во среда. Тие денеска се сретнаа со министерот за здравство Венко Филипче и му ги кажаа своите барања капитацијата да биде фиксна, а не по пациент. Преговорите ќе започнат во петок, а дали ќе има некаков договор се очекува да се знае во средината на декември. До тогаш, работни групи од министерството и претставници на стоматолозите ќе преговараат за барањата на стоматолозите.