
Стоматолозите бараат регулирање на договорите со Фондот
Стоматолозите-специјалисти бараат да станат дел од здравствената мрежа. Велат, потребно е потпишување на договори со Фондот за здравство за да можат да им понудат на пациентите поевтини цени за услугите кои ги покрива државата. Со тоа тие ќе можат да одржат чекор со конкуренцијата, како и да бидат рамноправни на пазарот.
Пациентите ги бараат своите услугите од Фондот, а стоматолозите специјалисти без регулиран договор не можат да ги понудат.
Допрва ќе се утврдува точната бројка на специјалистите по протетика, орална хирургија и ортодонција кои се без регулиран договор. Стоматолозите велат и во минатото поднеле барања за влез во здравствената мрежа, но овој проблем се провлекува веќе неколку години и е без разрешница.
Следната недела ќе се формулираат новите услови на средба со Министерство за здравство, а целосната промена би требало да се случи до крајот на годината.
Петар Догов