Столтенберг: Влезот во НАТО значи дека сите 29 земји членки ќе ве заштитам

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на својата посета на Скопје, најавена за 2 и 3 јуни, вели дека со своето доаѓање испраќа јасен сигнал дека Алијансата е подготвена да и посака добредојде на земјава во евроатлатнското семејство.
Во интервју за МИА, Столтенберг вели дека со нетрпение чека повторно да го посети Скопје и порача дека ратификацијата на претпристапниот протокол добро напредува, а според него членството на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Западниот Балкан и на целиот евроатлантски регион. Влезот во НАТО значи дека 29 земји се залагаат да ве заштитат, вели Столтенберг.
На состанокот на Северноатлантскиот совет во Скопје, тој очекува да се говори за интеграцијата на земјава во НАТО, но и за напредокот на реформите, меѓу кои и тие во сферата на правосудството.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ