Столтенберг: Скопје и Будимпешта сами да го решат прашањето за азилот на Груевски

Скопје и Будимпешта сами треба да си го решат проблемот со бегството на Груевски, е ставот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во однос на тоа за каков кредибилитет зборува  кога една земја членка на алијансата му дава заштита на бегалец.

  • Не сум јас тој што треба да го коментирам ова.Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и Будимпешта, а не во НАТО, рече Столтенберг. 

Во меѓувреме, Македонија се уште чека на одговор од Будимпешта за побараната екстрадиција на Груевски.  Но, според министерката за правда Рената Дескоска, роковите не се изминати. Државава ќе чека па и ќе ургира ако е потрбно вели министерката, но се надева на екстрадиција бидејќи досегашната пракса не покажала дека Унгарија правелка проблеми за останатите екстрадиции.

Столтенберг денеска одби да даде коментар за азилот на Груевски, но е охрабрен од моменталната ситуација, поточно од гласањето во парламентот со кое се иницираше отворање на Уставот за кое беше потребно 2/3 мнозиснтво. Не сака да шпекулира за финалното гласање кога ќе биде потребно 2/3 мнозинство. Остава на совеста на пратениците и народот.

  • Но, она што можам да го кажам е дека колку побрзо името, односно Договорот се имплементира, тоагаш ние сме подготвени да го потпишеме протоколот за пристапување. А штом ќе го потпишеме протоколот, владата во Скопје ќе учествува на нашите министерски состаноци, потоа ќе треба ратификација од сите земји-членки за целосно членство, вели Столтенберг. 

Утре и задутре во брисел министрите за надворешни на земјите членки на алијансата ќе разговараат за клучната тема – дестабилизацијата на односите меѓу Русија и Украина, но во среда тема ќе биде Западен Балкан, а за напредокот на Македонија ќе говори високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

 

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ