Столтенберг: Пред седиштето на НАТО се уште има место за нови знамиња

Пред седиштето на НАТО се уште има место за нови знамиња, порача денеска во обраќањето пред пратениците во Собранието, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој напомена дека вратат на НАТО останува отворена за нови членки.

– Гледајќи го црногорското знаме како се виореше првпат пред седиштето на НАТО лани, тоа го почувствувам како мошне важен момент. Се уште има место за повеќе знамиња пред седиштето на НАТО. Земјите-члени се импресионирани од вашата посветеност и ентуизијазмот за влез во Алијансата, а НАТО сака да успеете, рече Столтенберг.

На пратениците им порача дека е добро да се биде амбициозен, но оти мора да се биде и реален.

Ја поздрави Владата и нејзините напори за решавање на спорот со Грција за името и ја охрабри да продолжи на тој пат.

– Ја поздравувам волјата на вашата Влада, која е одлучна да се реши ова прашање. Вчерашната средба на преговарачите под покровителство на ОН во Њујорк беше уште еден важен чекор за натамошниот напредок, додаде тој и ги поздрави реформите шро ги спроведува новата Влада согласно Планот 3-6-9.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ