Столтенберг повика на флексибилност во преговорите за името

Генералиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика на флексибилност во преговорите за името на Македонија.

„Во 2008 година, во Букурешт одлучивме да ја поканиме Македонија во НАТО, веднаш штом Скопје го реши прашањето за името на заеднички прифатлив начин. Досега, не беше можно постигнување решение. Се надевам дека актуелните иницијативи ќе доведат до такво решение. Новата влада во Скопје покажува подготвеност за флексибилност. Сакам да бидам многу внимателен во следниот период за тоа дали ќе се постигне согласност, бидејќи тоа веќе долги години е отворено прашање. Повикувам на флексибилност, рече Столтенберг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ