
Столтенберг: Покана за НАТО по имплементација на договорот со Грција
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од Брисел порача дека Макеоднија во НАТО ќе влезе под новото име, Република Северна Македонија.
30та членка на Алијнсата ќе стане, по спроведувањето на договорот со Грција.
„Очекувам дека по минатомесечниот историски договор за прашањето за името ќе се договориме да го поканиме Скопје да почне со пристапни преговори. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе бидеме во можност да ја поканиме Поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Силен сигнал дека вратата на НАТО е и ќе остане отворена“.