Столтенберг: НАТО ќе испрати покана за Македонија

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ООН, изјави Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

Тој вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.

Столтенберг вели дека работењето на владата на реформите е исто така важно за НАТО.

„Од формирањето на новата влада минатата година, видовме обновени напори во реформите. За време на мојата посета, ја охрабрив владата да продолжи со спроведувањето на реформите кои ќе го зајакнат владеењето на правото и демократските институции. Исто така ги охрабрив сите политички партии и други засегнати страни во земјата да се вклучат во отворен и конструктивен дијалог“, истакна Столтенберг.

Во врска со безбедоносната состојба на Западен Балкан, Генералниот секретар на НАТО констатира дека тоа е регион од стратешко значење за Алијансата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ