Столтенберг: Напредуваме во вистинска насока

По силните инсистирања на САД, секоја од земјите членки на НАТО да го понесе својот товар од функционирањето на алијансата, секој состанок на Северноатланскиот совет почнува и завршува со иста порака – да се стигне до 2 отсто од БДП на секоја земја.

Оваа година очекуваме 8 сојузници да потрошат најмалку 2 проценти од БДП на одбрана, за разлика од само 3-те сојузници во 2014 а 16 сојузници се очекува да ја достигнат одредницата од најмалку 20 проценти на одбранбени трошоци посветени на тешка опрема. Ова се охрабрувачки чекори и напредуваме во вистинската насока, порача денеска Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Главата порака по одлуките донесени вчера е за идните односи НАТО – Русија, а ја повтори и в.д секретарот за одбрана на САД, Марк Еспер: Доколку Москва не се придржува до додговорт за нуклеарна контрола на ракети со среден дострел, ќе следи силен одговор од САД и сојузниците.

Македнонија по втор пат учествува на состанок на Советот по потпишувањето на пристапниот протокол. Министерката Шекеринска, покрај учеството на сите работни сесии се сретна и со нејзини колеги од земјите кои досега не го ратификувале протоколот. Досега се 20, а очекувањата и посакуваното сценарио е се да се заврши до самитот на НАТО во декември во Лондон.

Од Брисел за Телма,

Боби Христов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ