
Столтенберг и Северноатлантскиот совет во дводневна посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, придружуван од највисокото тело на Алијансата – Северноатлантскиот комитет денеска пристига во официјална дводневна посета на нашата држава. Ова е прва посета на Столтенберг по потпишувањето на протоколот за членство во Алијансата во февруари годинава но и прва посета на Комитетот кој го сочинуваат амбасадорите на сите 29 членки на НАТО од далечната 2003 година.
По свечениот пречен на скопскиот аеродром, за свечерва во Собранието е организиран свечен прием за делегацијата на НАТО.
Утре, со највисоки државни и воени почести, ќе се одржат средбите со комплетниот државен врв. Во Владата ќе се одржи заеднички состанок на Северноатланскиот совет со Комитетот за интеграција во НАТО, со кој претседава премиерот Заев а потоа е предвидена заедничка пресконференција на Столтенберг и Заев. Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне и со претседателот Пендаровски во Вилата Водно.
Според најавите, главна тема на разговор на средбите ќе биде интеграцијата на македонија во алијансата, активностите што треба да ги превземемеи реформите како и резултатите што треба да ги испореачаме до конечниот прием во НАТО.
Генералниот секретар Столтенберг, во интервју за МИА, истакна дека Алијансата е подготвена да ѝ посака добредојде на земјава во евроатлантското семејство и нагласи дека членството во НАТО, , ќе донесе поголема безбедност и просперитет за сите луѓе во државата.
По потпишувањето на пристапниот протокол за членстрво во алијнансата почна и процесот на ратификација а досега тоа го сторија 14 држави членки на НАТО. Според најавите во текот на овој месец процедурата за Ратификација ќе почне и во американскиот Сенат и се очекува да заврши оваа есен. Процесот на ратификацијата оди подобро од очекуваното па затоа и од Владата и од НАТО велат дека може да заврши побрзо од предвидениот датум, март идната година, и да финишира непосредно пред Самиотот во Лондон закажан за декември годинава кога ќе се прославува и 70 годишнината од формирањето на Алијансата.
Во среда на армискиот полигон Криволак ќе почне воената вежба „Одлучен удар“, доега најголема вежба изведена во македонија и регионот на која ќе учествуваат вкупно 2.700 војници од Македонија, САД и уште четири држави членки на НАТО.
Огнен Чанчаревиќ