Столтенберг и посака добредојде на Македонија и го претстави патот кон НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му го покажа на премиерот Зоран Заев местото на Македонија на мапата членки на Алијансата. На Самитот на НАТО, на 12-ти јули во Брисел Македонија ќе добие покана, но, за да стане полноправна членка мора да го исполни Договорот за името.

Столтенберг во детали зборуваше за целиот процес на пристапување кон НАТО. Неофицијалните проценки се дека за една година или година и пол, сите земји – членки на Алијансата, во своите парламенти треба да го ратификуваат договорот за членството на Македонија, со што земјата би станала полноправна членка. До тогаш, земјата ќе учествува на сите состаноци на НАТО.

Премиерот Зоран Заев, кој се сретна со Столтенберг, вели дека ова е нешто што Македонија го чека уште од 2008-ма година.

Десет години по Самитот на НАТО во Букурешт, Македонија треба да одржи референдум и да направи уставни измени, до крајот на годината. Нешто на што се обврза со Договорот за името, чие исполнување е клучно за македонското членство во НАТО. Или како што рече Столтенберг, ако оваа можност се одбие, тогаш тешко е да се замисли кога земјата ќе биде толку блиску до НАТО.

Марија Дивитарова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ