
Столтенберг и Пендаровски телефонски разговарале за кризата со ковид-19
Столтенберг притоа посочил на билатерлната помош која досега пристигнале од члнеки на НАТО за земјава како од Унгарија, Словенија, САД, Норвешка, Холандија.
НАТО објави дека земјава на 30 март побара помош преку Координативниот центар за одговор на катастрофи на Алијансата за хируршки маски, заштитни одела и друга опрема. НАТО преку својот центар го проследи барањето до земјите-членки и партнери кои дадоа помош на билатерлано ниво.
Од кабинетото на шефот на државата соопштија дека во телефоснкиот разговор и двајцата ја констатирале потреба од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија.
Претседателот Пендаровски притоа го информирал Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19 во земјава и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Пендаровски информирал дека повеќе земји-членки на НАТО веќе и дале помош на земјава, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на Ковид-19.
Пендаровски и Столтенберг, како што информираат од Кабинетот на шефот на државата, се договориле засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период, како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата и организираните кампањи за ширење лажни вести.