
Стојановски: И првиот и вториот тест се негативни
Првиот PCR тест изготвен во референтна лабораторија, како и вториот брз RAPID тест за антитела и IgG и IgM се негативни и укажуваат на фактот дека нити сум дошол во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор, кај мене, во мојот организам, за некакво си заразување со Ковид-19, реагира раководителот на регионалниот ЦУК Куманово, Горан Стојановски.
Директорке Сотирова-Бухова креиравте голем преседан, не сте ни свесни дека направивте Кривично дело согласно Законот за заштита и тајноста на лични податоци, јавно ми ги соопштивте резултатите од тестирањето, а згора на тоа и лажно ги презентиравте, а за тоа немате никакво право. Во консултација со адвокат во наредниот период со оглед на направената штета и повреда ќе превземам соодветни законски мерки. Имено моите два резултати кои се дискутабилни, а за кои денес презентиравте пошироко, (добиени на 22.04.2020) од извршеното дополнително приватно тестирање направени во две клиники по насоки и укажувања од страна на мојот матичен лекар кој перманентно го следи моето здравје, а пак кој во исто време и претходно согласно симптоматологијата која воопшто ја немав, беше сигурен дека се работи за некаква грешка или превид во однос на првичниот позитивен резултат од 12.04.2020, реагира Стојановски.