
Стивнуваат улиците, но не и семејното насилство
Стивнати и празни улици, започнува полицискиот час, следи целосен карантин за викенд. Во истиот миг за многу жени и деца домот не е повеќе место на сигурност, домот е место на страв во кој може да го победите Корона вирусот, но треба да се соочите со насилникот со кој живеете под ист покрив. Специјализиран тим кој работи 24 часа и излегува во време на полициски час секојдневно прима повици на жртви на семејно насилство.
- Од кога е прогласена вонредната состојба само една жена е сместена во Згрижувалиште за жени и деца жртви на семејно насилство. Најчести причини се конзумирање на алкохол, на психотропни супстанци, но и невработеноста, состојби кои траеле подолг временски период кога луѓето се изолирани кавгите и насилството стануваат се погласни., вели Наташа Станоевиќ, Центар за социјални работи
Во изминативе четири дена на телефонските броеви на Националната мрежа против семејно насилство 15 жени пријавиле семејно насилство. Сепак стравуваме дека бројката е многу поголема и таа ќе се покаже дури по завршувањето на кризата, смета Димушевска.
- За жал она што го добиваме како одговор од жените е дека не би го напуштиле домот, но тие бараат совет и помош како да го надминат тоа. Жените кои живеат во истиот дом со насилникот се во многу неповолна позиција дури и кога сакаат да пријават. Можноста е многу мала кога насилникот е во истиот дом и просторија, вели Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
Националната мрежа против семејно насилство со апел до Владата за време на полицискиот час жените жртви на семејно насилство да имаат можност веднаш да го напуштат сопствениот дом и да се упатат до првото место кое би им било заштита. Франција и Шпанија веќе го решија случајот со тоа што има можност жените кои се жртви на семејно насилство да го пријават во аптеките каде ќе се пријват под шифра на пример „маска 15“.
Нина Стефанова