Стипендии и за бруцоши на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Почнуваат уписите на македонските универзитети, од утре до трети септември вратите на вкупно 12 факултети и трите  академии на штипскиот универзитет “Гоце Делчев“ се отворени за запишување на студенти во прва година. За првпат ќе има  стипендии за најдобрите бруцоши, универзитетот на овој начин ќе мотивира вкупно 150 идни студенти.  Ректорот, Блажо Боев смета дека се модерен универзитет, кој прв ја воведе електронската платформа во студирањето

-Во оваа прилика би сакал да ги информирам средношколците дека на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип најдобро се спроведува Еразмус Програмата за размена на студентите со европските универзитети и мислам дека можат да поминат еден или два сесместра во годината од своето студирање во некој од европските центри, вели Блажо Боев ректор на УГД-Штип.

Анализите покажуваат и дека годинава најголем интерес ќе има пред Медицинскиот факултет, но  Боев смета дека решениот проблем со наставниот кадар и лабараториите кои што ги имаат за научно истражувачка работа им оди во прилог на студентите да добијат квалитетно образование според потребите на стопанството.

И оваа година се очекува да се запишат околу 2.000 бруцоши на универзитетот „Гоце Делчев“, кој освен во Штип свои центри има и во Струмица, Кавадарци и Прилеп. Академската година на македонските универзитети од оваа година почнува на 1 Октомври.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ