Стигматизација на жената во политичкиот живот

Бројни се примерите кои говорат за стигматизација на жената во политичкиот и општествениот живот кај нас. Коментарите кои најчесто ја разоткриваат  таа стигматизација се сведуваат на тоа дека местото на жената е во домот. Доказ за тоа е начинот на кој беа третирани мојата и кандидатурата на Марија Џонс од Левица, за градоначлнички, вели Нафие Селмани, граѓанска активистка, која на локалните избори беше кандидат на движењето Беса.

„Ретки беа случаите во медиумите кога бев уредно поканета истото се случуваше и со кандидатката, а секој ден ги гледавме по медиуми и по интернет портали кандидатите мажи. Значи за жал ние сме сеуште едно можам да констатирам едно патријархално и конзервативно општество каде што жената не е третирана како што би требало“, кажа Нафие Селмани.

Делумно вината е и во самите жени, додава Селмани кои добровелно се исклучуваат од општествените процеси. За актерот Висар Вишка вината најчесто може да се лоцира во политички партии и начинот на кој ја гледаат жената во политиката. Таков е примерот со последната средба на владите на Македонија и Албанија.

„Република Албанија има пет жени и пет мажи министри, а од страната на Македонија се мажи. И која е разликата ? Тоа е работата кај нас што самите водачи на политички партии тие жените ги гледаат само како бројка ако треба, иако не ги исполнуваат бројките кои што се предвидени, тие само како шминка“, кажа актерот Висар Вишка.

Учесниците на на дебататата „Ноќ на Вештерките – Жената меѓу вештерка и женско“ заклучуваат дека за да се надмине стигматизацијата е потребно континуирано промислување на сите аспекти каде жената дејствува во општеството.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ