
Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ и на ДУИ
Стево Пендаровски е претседателски кандадат на владеачката коалиција на СДСМ и на ДУИ за претстојните избори закажани за 21-ви април.
По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат.
Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.
Пред средбата со нив, Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.
Заев додаде и дека Пендаровски е надпартиски кандидат кој ги обединува сите етнички заедници.
Ако Пендаровски добие поддршка и на состанокот со 31 партија од коалицијата што ја предводи СДСМ, а кој во моментов е во тек, тогаш тоа ќе биде само одлука на партиските раководства рече Заев. Додаде дека потоа одлуката ќе треба да ја потврдат и партиските тела во секоја партија поединечно.
Стево Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.