
Стевановиќ: Потребна е сериозна анализа и проверка за да се види вистинската смртност од Ковид-19
За да се види вистинската стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија ќе биде потребна сериозна анализа и проценка, вели инфектологот и директор на Инфективната клини Милена Стевановиќ во гостувањето на Топ Тема на Телма. Според нејзе и направените анализи од пред неколку денови има околу 67 починати пациенти на Инфективната клиника а половина од нив се донесени од различни центри во државата или донесени од дома во исклучително тешка здравствена состојба и не поминале на клиниката повеќе од 48 часа.
Оваа бројка е всушност бројка на секој еден инфициран со Ковид-19, не е и констатиран развој на болеста или како последица на која била констатирана смртта. Оваа смртност, овие бројки ќе бараат една сериозна анализа и проверка за да можеме да ги разчлениме и да ја видиме вистинската смртност од Ковид-19, вели д-р Стевановиќ.
Голем број од починатите на Инфективната клиника многу доцна пристигнале на лекување.
17 од нив биле на домашно лекување, не под контрола на матичен лекар туку сами се лекувале повеќе од 10 па дури и 15 денови. А една сериозна бројка од преку 25 пациенти пак биле дома на лекување 9, 7, 5 денови што исто така за пациенти кои се возрасни, во подлабока старост или пак со терминални или хронични болести е исклучително долго време на неконтролирано лекување, вели таа.
Д-р Стевановиќ изрази уверување дека доколку овие пациенти биле донесени на време во болницата или биле контактирани матичните лекари или биле почитувани инструкциите оваа бројка на почианти би била далеку помала. Таа вели дека сепак тоа биле пациенти со терминални или хронични болести.
Од друга страна во оваа бројка е и бројка на пациенти кои биле со терминални болести, малгни болести и други хронични болести кои практично починале од сопствената основна болест а ковид инфекцијата биле во последниот час кога не сме ни забележале развој на ковид симптиматологија, вели Стевановиќ.