Стејт Департмент: Реформите во безбедносниот сектор доцнат, УБК го држи монополот на следењето на комуникации

Реформите на безбедносните служби доцнат стои во извештајот на американскиот Стејт Департмент за Македонија кој се однесува на 2017 година. Надлежните не превзеле итни мерки за да се спречи натамошното прислушување а УБК сеуште го држи монополонот на следењето на комуникациите. Во извештајот, исто така се забележува и дека во УБК не се почитуваат човековите права и слободи и заштитата на личните информации.

Во делот за слобода на движењето е нотирано дека Владата генерално ги почитува правата на слобода на внатрешно движење, патување во странство, емиграција и репатријација и има со работка со Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци -УНХЦР, Меѓународната организација за миграција и други хуманитарни организации во обезбедување заштита и помош на внатрешно раселените лица, бегалците, вратените бегалци, баратели на азил, мигранти и лица без државјанство.

Во извештајот на Стејт Департментот е наведено дека постои неказнетост на сторителите на насилство врз новинари, притисоци и поделеност по политички линии во медиумите но тоа се однесува на 2017 година.

„Има веродостојни извештаи дека новинарите се соочуваат со други опструкции додека се обиделе да ја информираат јавноста за настани. На пример, 21 новинар беа под забрана да известуваат, а шестмина новинари беа тепани додека известуваа за демонстрациите што подоцна резултираа со насилен упад во зградата на парламентот на 27 април“, стои во извештајот.

Речиси сите забелешки се однесуваат на претходната политичка гарнитура која вршела притисок врз новинарите што резултирало со автоцензура.

Американскиот Стејт Департмент се осврнува и на процесот „ Десоросоизација“ и наведува дека Управата за јавни приходи ги насочила истрагите кон критички насторените невладини организации како и членови на тогашната опозиција кои биле предмет на ревизии и истраги.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ