Стејт Департмент: Не сме одговорни за економските проблеми во Турција

Официјален Вашингтон отфрли секаква одговорност за економските проблеми на Турција, нагласувајќи дека кризата во земјата го надминува опсегот на санкциите што ги воведеа од САД.

„Економските проблеми не започнаа откако ние воведовме санкции кон две лица на 1 август оваа година“ кажа портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

САД на 1 август воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на одбивањето на Турција да го ослободи од притвор американското свештено лице Ендрју Брансон. Тензиите меѓу Вашингтон и Анкара, резултираа со намалување на вредноста на турската лира, која забележа дополнителен пад по одлуката на Вашингтон за зголемување на царините за увоз во САД на челик и алуминиум од Турција.

Нојерт нагласи дека сите економисти се согласуваат оти тоа што се случува во Турција е далеку надвор од опсегот на политиките и механизмите што во изминатиот период САД ги презедоа кон Анкара.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ