Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Непшава“.
Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес“.
Од Стејт департментот истакнуваат дека против Груевски се водат четири кривични постапки и оти е потребно тие да продолжат во македонскиот правосуден систем.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ