
Стефан Богоев: Не сум отуѓил парцела за проектите на Боки 13
Им се губи трага на 233 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.
Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот до кој стаса Телма си побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.
Боки 13, Мандиќ, авторката на идејата за европски дом за возрасни лица се обврзале дека овие пари ќе ги наменат за изградба на третиот во низа планиран старечки дом во општина Карпош.
Ваков дом не е изграден, иако во договорот невладината на Боки 13 ветила дека ќе обезбеди локација. Градоначалникот на општина КАрпош, пак, тврди дека не оттуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13.
Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за сорабтока со невладината на Боки 13, сличен докумнт кој го потпишал и министерот за транспорт Горан Сугаервски.
Ако се ѕирне во преписките на ГП „Пелситер“ на бизнисменот Силјан Мицески со невладината на Боки 13 се гледа дека и во оваа зделка Боки 13 требал да обезбеди локација за изградба на комплекс за пензионери. Боки 13 барал од градоначалникцката на Битола екслузивна локација во битолската касарна, но во два наврати бил одбиен.
И во двата слуачи се поставува прашањето зошто искусните бизнисмни му верувале на Боки 13 и му префрлиле вкупно еден милион евра во декември 2017-та.
Пензионерка чијашто идеја Боки 13 ја нудел, вели дека е ограбена и измамена, бидејќи 750-те илјади евра од авторскиот договор веднаш и ги зеле луѓе од сојузот на Боки 13.
По само 3 месеци откако Бојан Јовановски и Јасна Мандиќ ке соберат 1,000, 000 милион евра од бизнисмени, во април 2018 –та ќе најават дека отвораат нова телевизија под нивна раководна палка.
Јовановски неформален сопственик, неговиот татко сопственик а Јасна Мандиќ доскорешната заменичка на Боки 13 во Меѓународниот сојуз преминува во управител во новата телевизија со 5% сопственичко учество.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат од обвинителството да ја прошири истрагата за Рекет и врз рабтоењето на оваа невладина организација на Боки 13.
Шефицата на организиран криминал користи одмор, а информациите до каде е истрагата стивнаа во јавноста. Освен осомничените Боки 13 и Зоран Милевски кои паднаа во притвор под сомнеж дека рекетирале скопски бизнисмен за влијание во предмет на СЈО каде што, пак, тој е осомничен. Му зеле 1,5 милиони евра, а дополнителни осомничени нема.
Специјалната обвинителка Катица Јанева засега не е сомнителна кај Русковска, но затоа нејзните два мобилни телефон и ги одзеде заради проверка дали и колку се слушала со првоосмничениот Боки 13.
Павле Беловски