Стечајниот управник тврди дека во ОХИС нема други опасни хемикалии

Ќе останат ли уште долго опасните хемикалии во магацинот во ОХИС со се експлозивниот винил хлорид ќе се знае по 21 ноември откако собранието на доверителите ќе одлучува дали ќе го раксине догворот со фирмата „Екоцентар 97“  или ќе им биде прифатено барањето да продолжат со чистење нови 4 месеци по истекот на 9-те месеци.

Стечајниот управник чиј потпис стои на договорот стравува дека доколку се откажат од услугите на Екоцентар, опасниот отпад може со месеци да заглави во магацинот без обезбедување, надзор и одржување.

Истражувањата на министерството за животна средина задолжено за опасни хемикали дошло до заклучок дека во погонот за електролиза за 20 години при несодветните процеси во воздухот и почвата под погонот завршиле големи колични од течниот и опасен метал Жива.

И Саздвоски и државните хемичари тврдат дека спакувана жива нема во погоните.

Новиот купувач на ОХИС, „Хемиски Инженеринг“ од Јужна Африка, со сопственик од Скопје е новиот газда токму и на погонот за електролиза каде се произведувал хлорот, а жива завршувала во почвата.

Саздовски одлучил да го продаде ОХИС, бидејќи никој не сакал да го купи со години. Но, вистината е дека оваа фирма засега купила само контаминирани погон и рѓосани машини. Но, затоа огромна површина од ОХИС е продавана.

Штипската лабораторија која доби задолжение од судот ја прелистува обемната документација, а првичните неофицијални наоди се дека „Екоцентар“ работел набрзна, а елаборатот за постапување се правел етапно, па оттука во еден момент заклчуваат дека во резерворат нема 11 тони метил акрилат.

Каде завршила оваа отровна хемикалија никој не знае, а претпоставките се дека испарил или е полемизиран и оттуѓен без да се пријави приход од него.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ