
Ставката одржување на зеленило ги зголеми сметките за вода
Дополнителни 19,5 проценти од сумата за потрошена вода – толку ќе ги чини скопјани одржувањето на зеленилото во главниот град. Цената на водата не е зголемена, но сметките од ноември се повисоки поради овој надоместок. Тој и до сега Водовод го префрлал на ЈП Паркови и зеленило во тој процент, но од сумата што сме ја плаќале за за потрошена вода, а разликата е што сега овој процент дополнително се наплатува.
Иако на хартија е видливо, градоначалникот Шилегов негира дека тајно се покачени сметките за вода.
Не се. Тоа се истите проценти кои и претходно биле во сметките но не биле изразени во видлива форма. Јас не можем да знам дали индивидуални сметки се повисоки или не. Она што го имаме ние во моментов е најефтина вода во Европа. Граѓаните на Скопје плаќаат најефтина вода во Европа за пиење.Така што не станува збор за покачување на никаква цена,
вели Шилегов.
„Водовод“ пак потврдува дека надоместокот се пресметува плус 19,5 проценти од износот на потрошена вода.
Пресметката за надоместот за одржување јавното градско зеленило извршена е согласно Одлуките донесени од Советот на Град Скопје од 31.10.2012 година и од 28.10.2019 година. (Надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води),
соопшти Водовод.
Од Регулаторна се децидни дека ставките морало да се одвојат, но дека цената на водата која тие ја утврдиле е иста.
Цената на РКЕ која што ја донесе сега е иста со претходната цена. Инаку и во овој момент цената за водата вкупниот трошок за вода кој го плаќаат граѓаните н Градот Скопје е најнизок во целата држава кога ќе споредите со другите градови. Значи во некои градови има 50 денари за кубик има 45, 35 меѓутоа во Скопје изнесува 29,45 денари,
вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Граѓаните револтирани поради новите трошоци кои им се наметнуваат.
До октомври на сметките за вода имаше само ставки за потрошената вода и за ѓубрарина. А во ноемвриските и за одржување на градското зеленило.
Александра Филиповска