Став на Макпетрол во однос на методологијата за утврдување цени од регулаторна комисија за енергетика

Согласно нашите пресметки, за наредната недела очекувавме цени пониски за 0,5 денари по литар кај сите деривати, од објавените во Одлуката од страна на Регулаторната комисија на Република Северна Македонија.

Веднаш ја уочивме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиов период, туку во основа разликите  произлегуваат  од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ.

Да појасниме, во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа.

Но во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати заокружувањето повторно се пресметува, додава кај акцизата но  само во позитивен правец.

Се поставува прашањето кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цени? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат?

Нам како трговци, одговорот  ни е јасен. Во овој случај ,очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ