
Стартува македонско-грчкиот Комитет за толкување на историските настани
Во Солун в петок треба да се одржи првиот состанок на македонско-грчкиот комитет за толкување на историските настани, предвиден со Преспанскиот договор. Комитетот од македонска страна ќе го предводи амбасадорот Виктор Габер според кого поради комплексноста на материјалот што ќе се анализира тоа ќе биде долгорочен процес чија цел е да се дојде до солуции што нема да бидат спротивни на тенденциите за европеизација на овие простори.
Габер појаснува дека станува збор за обемен материјал од грчки и македонски учебници.
- Факт е дека и кај нив во нивните учебници, и кај нас во нашите учебници има елементи кои што предизвикувале одредени непријатни чувства кај другата страна и ги притискале новите генерација“, вели амбасадорот Виктор Габер.
Габер како делови од македонската и грчката историја кои што се болни меѓу другото го посочува периодот од Втората светска војна, соработката на грчките и македонските партизани.
Во однос на именувањето на населените места – дали Тесалоники или Солун, Монастири или Битола, Габер посочува дека ќе се користат меѓународините конвенции, кои според него, за се доста поволни за Македонија.
- Во тој контекст ќе послужи и и признавањето на македонскиот како службен јазик во поранешна Југославија заедно со словенечкиот и српско-хрватскиот на Конференцијата на ОН во Атина 1977 година“, Вели Габер.
Од македонска страна во Комитетот освен амбасадорот Габер, има историчар, археолог, јазичар, политиколог, писател – филозоф и експерт за меѓуетнички односи т.е. членови се Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска – Станишкова, Фахри Рамадани и Кица Колбе.
Од грчка страна која ја предводи државиот секретар во МНР Маркос Боларис има тројца класични историчари и археолози, славист, Балканолог.
Со Преспанскиот договор предвидено е Комитетот од експерти да ги разгледа, и доколку утврди дека е соодветно, да изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од земјите, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа.
На првата средбана се очекува да биде утврдена динамиката на идните средби, како и утврдувањена рамката на разговорите.
Тамара Грнчароска